Има или не дивоградби во Струга е прашањето на кое градоначалникот Мерко ни сам не може да одговори. Иако упорно тврди дека нема, денеска се отстрануваа неколку диво поставени платформи во езерото. Дали е ова само собирање ефтини поени пред престојните избори за ДУИ или само за како што вели Мерко, Струга да не биде црна овца пред очите на Унеско.
Започна уривањето на платформите во Струга. На атрактивните плажи долж брегот денес започна отстранување на платформите од езерото.
Концесионерите сами ги демонтираат објектите по налог на општината. Градоначалникот, кој денес заедно со вицепремиерот Артан Груби изврши увид на крaјбрежjето, најави дека ќе се отстранат шест платформи за зачувување на статусот на регионот под Унеско.
За разлика од Охрид каде се уриваат и објектите на плажите, во Струга угостителските објекти ќе продолжат да работат.
„Сите тие плаќаат такса како што е наложено во одобренијата од 2010 година. Овде нема дивоградби, ова што го правиме е солидарно и бараме фид бек план како да се развиеме, мора да се развиеме“, вели Рамиз Мерко.
„Во дијалог со општинските власти, во согласност со препораките на Унеско ќе се отстранат платформите на најдобар начин преку дијалог со бизнис заедницата и општината“, вели вицепремиерот Артан Груби.
Концесионерите велат дека ќе ги остранат платформите, но сметаат дека е погрешно да се прават штети во екот на сезоната.
„По наредба постапуваме по решението што го добивме во петокот, не чекавме, ете сами стартувавме, сметам дека ова можеше да биде после сезоната“, вели Галиб Османоски концесионер на плажа.
Струшкиот градоначалник ја повика државата и Комисијата на Унеско да дадат план и насоки за развој на туризмот во градот. Засега нема да се уриваат платформите во струшкпто село Радожда.
Новинар: Соња Рилковска
Фото: ТВМ Телевизија
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град