Со пласманот во финалето на Ролан Гарос, најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ влезе во историјата на грен слем натпреварувањето и дефинитивно покажа дека е најдобар на сите времиња.
Српскиот ас е првиот тенисер кој има шест или повеќе финалиња на сите грен слем турнири и го престигна Швајцарецот Рожер Федерер, кој остана на второто место на оваа листа.
Ноле играше 9 пати во финалето на „Австралија опен“, осумпати на „УС Опен“, 6 пати на „Вимблдон“, додека во недела ќе биде на теренот во Париз по 6-ти пат во битката за трофејот. Потсетување дека негов ривал во финалето во францускиот главен град ќе биде Гркот Стефанос Циципас.
Федерер беше 12 пати во финалето на „Вимблдон“, седум на „УС Опен“ и „Австралија Опен“, додека во Париз 5 пати беше финалист и еднаш победи. Што се однесува до Надал, тој 5 пати играше финале во Мелбурн, Њујорк и Вимблдон, додека на „Ролан Гарос“ е апсолутен рекордер со 13 финалиња.
Во трката за најдобар на сите времиња помеѓу Ѓоковиќ, Федерер и Надал зборуваше и тенискиот аналитичар Матс Виландер:
– Новак може да го освои 19-от грен слем после Париз, а по „Вимблдон“ можеме да имаме тројца играчи со 20 грен слема. Мораме да започнеме да зборуваме околу најдобриот на сите времиња – рече Виландер.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град