Христина Митреска, матурантка првенец на генерација и деветооделенецот Енес Аго за ТВМ зборуваат за своето искуство во ова училиште и успесите на многу државни и меѓународни натпревари.
Христина Митреска од Охрид е матурантка во училиштетео „Јахја Кемал“ и првенец на генерација во средно образование. Започнала како стипендист во прва година, каде приватното училиште поради освоените поени комплетно и ги покрило трошоците за образование. Денес е првенка на генерацијата, закитена со голем број регионални, државни и меѓународни награди и медали. Најмногу ја привлекуваат природните науки.
„Решив моите студии да ги продолжам во Словенија на биотехнолошки факултет…. конкретно ме интересира генетиката и сум заинтересирана да ја проширам таа област во иднина во однос на генетските болести…… цел ми е да помагам на болните луѓе и да придонеам на тоа поле“, вели Христина Митреска.
И деветооделенецот Енес Аго на свои 15 години може да се пофали со многу освоени државни и меѓународни награди и медали. Него го интересираат математичките науки и програмирање.
„Мој талент е програмирање… пред три години почнав со учење овде со професорите. Плус часови држевме, каде што имавме и напредни курсеви. Потоа мислам да продолжам гимназија овде во Јахја Кемал, а после во странство, во Австрија или Германија“, вели Енес
Приватното училиште нуди многу поголеми можности во однос на државните, особено за талентираните, мотивирани и посветени ученици.
„Имаме опремени училници, компјутери, смарт табли што не е случај во другите училишта. Тие секојдневно се користат во наставата. Исто така професорите се многу достапни во секое време, тука има голема разлика. Може да ги побараш во секое време тие се тука да ти помогнат“, раскажува Митреска.
Горди на успесите на учениците се менаџментот на училиштето и професорите.
„Условите во нашето училиште се навистина одлични, ги имаме сите услови за добро и квалитетно образование со тоа што нудиме квалитетна настава и работиме во интерес на учениците“, вели Севил Салко, заменик директор на училиштето Јахија Кемал во Струга.
Поради добрите успеси, но и квалитетно организираната настава, од година во година се поголем е интересот за запишување на ученици во приватното училиште „Јахја Кемал“ во Струга.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град