Дебатите за новинарството секогаш завршуваат со кавга. Тоа е едно од чудните подрачја каде што владее атмосфера каде сите губат: новинарите, публиката, сопствениците на медиумите, целата држава.
Дебатите за новинарството секогаш завршуваат со кавга. Тоа е едно од чудните подрачја каде што владее атмосфера каде сите губат: новинарите, публиката, сопствениците на медиумите, целата држава.
Професијата новинар е единствената кај нас што нема сопствен синдикат за разлика од нашето опкружување, а да не зборуваме за Европските земји вели претседателот на здружението на охридските новинари Симон Илиески. Има многу дефекти во созадавњето на јавното мислење во Македонија вели Илиески. Консументи на информаициите се граѓаните кои имаат свој став за новинарите и се скептични во вистинтоста на информациите.
Првиот човек на охридските новинари сепак гледа разрешница на ваквата состојба во новинарството.
Клучот во разрешување на ситуацијата е во силен,независен јавен сервис кој ќе повлече поинакво јавно мислење објаснува Илиески. Засега нема основна критична маса која би можела во јавноста да покрене некој проблем, да го одржи и финишира во интерес на демократијата, дециден е претседателот на здружението на охридските новинари Симон Илиески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град