Свински грип во хрватскиот „Динамо“

Иако фудбалскиот клуб „Динамо“ вчера ја демантираше информацијата дека нивниот фудбалер Педро Моралес во Чиле заболел од свински грип, самиот фудбалер за тамошните медиуми призна дека се заразил со вирусот Х1Н1.

 |  Крсте Голабовски  | 
Pedro Morales
Педро Моралес

Иако фудбалскиот клуб „Динамо“ вчера ја демантираше информацијата дека нивниот фудбалер Педро Моралес во Чиле заболел од свински грип, самиот фудбалер за тамошните медиуми призна дека се заразил со вирусот Х1Н1.

Интернационалецот Моралес за весникот „Ла Терцера“ ја потврди болеста.

Педро Моралес„Докторот ми потврди дека го носам вирусот Х1Н1, но вели дека не е опасен. Рано ја откривме болеста, па со помош на лечењето ќе бидам добро. Сепак се исплашив кога ја слушнав веста“, призна Моралес.

Тој објасни дека на почетокот од оваа седмица неговата телесна температура се искачила на 38,5 степени поради што веднаш побарал лекарска помош, но лекарите на почетокот не откриле од што е предизвикана болеста. Но следниот ден, температурата се искачила до 39,5 степени и тогаш фудбалерот се почувствувал навистина лошо.

Откако лекарите го дијагностицирале вирусот Х1Н1 го лечеле Моралес со адекватни лекови и сега тој се чувствува добро.

„Но, се уште не можам да отпатувам во Хрватска затоа што лекарите ми забрануваат да летам, поради тоа што можеби нема да го поднесам летот“, откри чилеанскиот фудбалер.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top