Никола Затуроски е новиот челник на средношколскиот центар.
Нов директор во средното стручно училиште „Нико Нестор“. На челната функција во ова училиште е поставен Никола Затуроски, професор по математика и актуелен советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Иако тој на ова место е само три дена, вели од старт, приоритет му е во „Нико Нестро“ целосно да се надминат меѓуетнички препукувања помеѓу учениците.
„За скоро време ќе побарам средба со градоначалникот на Струга и министерот за образование, за на тој начин да увидиме до каде е состојбата со ова училиште и кои се плановите за во иднина“-вели в.д директорот Никола Затуроски.
Тој доаѓа на местото на директорката Маре Савеска Бојческа. Инаку, Затуроски е трет в.д директор по заминувањето на екс челникот на „Нико Нестро“, Мирјана Докоска.
По постојаната смена на дирекори се поставува прашањето, до кога во „Нико Нестор“ ќе се избира правата личност која со училиштето ќе раководи во наредните 4 години.
Затуроски не коментираше на оваа тема. Вели ниту назначува ниту разрешува директори, за тоа има кој да се грижи.
Потенцира оти негова заложба во извршувањето на привремената должност ќе биде да се носат и реализираат разумни одлуки кои пред се ќе бидат во интерес на учениците во „Нико Нестро“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град