Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/литар.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 % во однос на Одлуката од 25.05.2021 година.
Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 33,881 ден/кг.
Од 1.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,881 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,853 %, дизелот за 1,775 % и екстра лесното масло за 1,822 % и кај мазутот зголемувањето е за 1,395 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,262%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.6.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град