Охридските ракометари се наоѓаат пред нов мини маратон во ракометната суперлига. Tреба да одиграат 5 натпревари вo 15 дена при што неопходни им се минимум 4 победи за да се оствари пласман помеѓу 4тите најдобри екипи.
Охридските ракометари се наоѓаат пред нов мини маратон во ракометната суперлига. Tреба да одиграат 5 натпревари вo 15 дена при што неопходни им се минимум 4 победи за да се оствари пласман помеѓу 4тите најдобри екипи. Темпото ќе биде напорно, а поволна вест е што 3 натпревари ќе играат на домашен терен.За најдобриот стрелец на охриѓани Денис Тот ваквиот распоред не е преголем проблем.
„Мислам дека нема да е проблем. Ротираме колку можеме, ротираме колку што е потребно. со самото тоа што се останатите уште 5 кола ќе издржиме. сите имаме мали повреди, малку сме уморни но ќе дадеме се од себе да издржиме до крај.Ќе изгинеме на терен до крај па ќе видиме какви ќе се резултатите“ вели Тот.
Прва пречка на охридските гладијатори ќе биде екипата на Пролет која оваа сезона во трите меѓусебни дуели нема остварено победа. За разлика од претходните дуели сега екипата од скопје има нов тренер во името на Зоран Кастратовиќ и самодоверба од моменталната позиција на табелата. Тие се наоѓаат на третото место со 6 бодови предност пред Охрид.
„Мотивација сигурно дека имаме. Имаме уште шанси за Европа така да мотивацијата е максимална. Историјата покажува дека ни лежи Пролет но не можеме пред време се да знаеме, се е возможно. Ние ќе дадеме се од себе тоа е сигурно“ рече Тот.
Тот жали што среќата не ги послужи во минатите три натпревари кои завршија нерешено и ги одалечија од 4тото место кое го заслужуваат. Првиот дуел охридските ракометари го играат утре во 19 часот во спортската сала Тодор александров во Велгошти.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град