• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Со помош на механизацијата на „Македонија пат“ ќе се отстрануваат бесправно изградените објекти во Охридскиот регион

Со помош на механизацијата на „Македонија пат“ ќе се отстрануваат бесправно изградените објекти во Охридскиот регион

Владата на Република Северна Македонија на 69-та седница, го задолжи Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта “Македонија пат”, во соработка и координација со општина Охрид да и стави на располагање соодветна механизација согласно Мерката да продолжи и да се интензивира отстранувањето на бесправно изградени објекти во Охридскиот регион, со приоритет на крајбрежјето и на објектите нотирани од страна на НП Галичица.

 |   | 

Упатувам јавна благодарност до Владата за поддршката на активностите за отстранување на бесправните градби. Убеден сум дека само преку заедничко делување и на локалната и централната власт ќе може да ја оствариме нашата заедничка цел, а тоа е зачувување на Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион“, напиша на својот фејсбук профил, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top