Северна Кореја ќе може своите фудбалски проектили слободно да ги испроба во Јужна Африка, откако нивната репрезентација за втор пат во историјата избори пласман на СП.
Северна Кореја ќе може своите фудбалски проектили слободно да ги испроба во Јужна Африка, откако нивната репрезентација за втор пат во историјата избори пласман на СП.
Репрезентацијата на Северна Кореја е последниот директен патник од азискиот континент на Светското првенство во Јужна Африка 2010.
Ова ќе биде нивно прво учество на вакво големо натпреварување после 1966 година.
Севернокорејците својот пласман го обезбедија откако го освоија второто место во Групата 2 во азиските квалификации. Тие одиграа нерешено со Саудиска Арбаија 0:0 во Ријад. На Саудијците им одговараше само победа за да играат на СП 2010, но сепак одбраната на Северна Кореја одлично функционираше и издржа да не прими гол.
Овој натпревар имаше значење и за Иран кој имаше шанса за бараж ако ја победеше Јужна Кореја во Сеул. Иранците водеа се до 81-та минута, но со голот на Парк натпреварот заврши 1:1.
Сега последниот патник од оваа зона ќе се бара помеѓу Саудиска Арабија, Бахраин и Нов Зеланд. Најпрво Саудијците и Бахраин ќе играат бараж меѓу себе, а пота победникот оди на двобој со “кивите“.
Од поодамна Јужна Кореја, Австралија и Јапонија обезбедија настап во Јужна Африка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град