Литературниот собир се организира во чест на излегувањето на зборникот на Браќата Миладиновци.
По трет пат годинава Стружани ја одбележуваат манифестацијата „Годината на Есеј“.Литературниот собир на писатели, есеисти, професори и критичари, ќе биде организиран на многу повисоко ниво за разлика од претходните години. Своето присуство на манифестацијата веќе го потврдиле повеќе писатели од балканот.
„Манифестацијата ќе трае три дена, ќе бидат опфатени различни теми на кои че дискутираме со сите учесниците на истата“- вели м-р Разме Кумбароски од медитеранска академија „Браќа Миладиновци“.
Годинешното признание – „Портрет за севкупен творечки процес“ му се доделува на истакнатиот академик Горан Калоѓера од Хрватска. Ова високо признание му припаѓа него во знак на посебен придонес и афирмација на македонската и хрватската литература, култура и јазик во земјата и светот, вели претседател на меѓународниот одбор Медитеранска академија, Јован Стрезоски.
Свеченото отварање на манифестацијата „Година на Есејот“ ќе биде на 18-есети овој месец а ќе трае до 20-есети.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град