Невладините организации од Струга се заинтересирани да аплицираат со заеднички прекугранични проекти.
Невладините организации од Струга се заинтересирани да аплицираат со заеднички прекугранични проекти. Велат, добредојдена ќе им биде соработката со нивните колеги од Албанија.
Бидејќи овој град е туристички и пограничен, има потреба од нови инвестиции. Истите ќе бидат од големо значење за економски развој на Струга како и продлбочување на соработката со другите градови од соседна Албанија, семетаат стручните лица.
Покрај, проектите за одржливиот развој на животната средина, културнатата размена, од големо значење се и поректите од сверата на социјална кохезија.
Невладината организација „Порака“ од Струга, веќе размислува како да ги искористи средствата од ИПА фондовите за свои цели.
„Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Албанија нас ние е добредојдена“, вели претседателот на „Порака“.
„Сакаме да соработуваме со ваквите организации од земјава но и добредојдена ќе биде и за невладини организации од нашето соседство“, вели претседателот.
Сите заинтересирани потенцијални апликанти на проекти за прекугранично влијани, денес преку јавен повик имаа можност да слушнат и да се консултираат како да ги изготват истите, и да добијат средства за нива реализација. Повикот за доставување на проектни предлози има за цел да овозможи промовирање на одржлив развој во прекуграничната област помеѓу двете земји, а е во организација на Министерството за локална самоуправа. Проектите во првиот повик ќе се финансирани од 20 до 50 илјади евра по проекти, дедека вториот кој ќе биде во месец септември каде ќе се финансираат проекти до 50 до 200 илјади евра. Кој од апликантите ќе добие средства за реализација на проектите, ќе зависи од тоа како истите се изработени, велат од министерството за Локална самоуправа.
Ваков настан, покрај Струга, ќе се одржи и во Поградец , Република Албанија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град