Катастарските парцели, хидрографската и патната мрежа, начинот на искористување на земјиштето, зградите, географските имиња, висинскиот модел на теренот, ортофото картата, како и низа на други податоци може да се видат на Националниот геопортал за просторни податоци, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој е и претседавач со Националниот совет за инфраструктурата на просторните податоци, на промоцијата на новиот геопортал што неодамна беше пуштен во работа.
Катастарските парцели, хидрографската и патната мрежа, начинот на искористување на земјиштето, зградите, географските имиња, висинскиот модел на теренот, ортофото картата, како и низа на други податоци може да се видат на Националниот геопортал за просторни податоци, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој е и претседавач со Националниот совет за инфраструктурата на просторните податоци, на промоцијата на новиот геопортал што неодамна беше пуштен во работа.
„Со новиот НИП геопортал се олеснува пристапот, пребарувањето и користењето на стандардизираните геопросторни податоци и услуги на ефикасен и ефективен начин. Тој претставува најсовремена платформа за геоинформации во нашата држава и е дел од иницијативата на Владата за зголемување на транспарентноста на работата на јавниот сектор и достапноста до геопросторните податоци. Кориснички е ориентиран и содржи многу информации и податоци кои им се потребни на корисниците“, рече Битиќи на денешната прес-конференција во Владата.
Податоците, додаде, може да ги користат државните органи, стопанството и граѓаните кои со еден клик на геопорталот може да дојдат до бараната информација. Тие се хармонизирани со соодветните европски регулативи.
„Очекувам во иднина се поголем број на државни институции да ги отворат и објават своите податоци на НИП геопорталот. Со тоа постојано ќе го надополнуваме со нови ажурирани податоци кои ќе придонесат за развојот на стопанството, заштитата на животната средина, планирањето на просторот и искористувањето на ресурсите“, нагласи Битиќи.
Директорот на Агенција на катастар на недвижности, Борис Тунџев посочи дека Агенцијата во изминатиот период покажа дека постојано се залага за примена на нови технологии, стандарди и услуги, а пример за тоа е, како што рече, и новиот НИП геопоратал кој овозможува брз, автоматизиран и непречен пристап, како и интероперабилна размена на овие податоци меѓу институциите.
„Агенцијата планира одржување на повеќе работилници на кои ќе бидат презентирани можностите на НИП геопорталот, односно начинот на користење на податоците преку сервисите и нивно прегледување, преземање и размена, рече Тунџев и додаде дека геопорталот ги интегрира просторните податоци од сите државни институции во едно централизирано место од каде се достапни за сите заинтересирани корисници“.
НИП геопорталот, додаде, содржи повеќе компоненти како веб-базирано решение на кое се објавени просторни податоци и услуги кои, како што рече, може да се пронајдат, прегледаат и преземат од страна на корисниците.
„Порталот претставува систем за пристап до неколку регистри управувани на централно ниво во кои преку моделот за електронска продавница се овозможува купување на податоците и услугите. Тие се достапни во електронска форма и може да се преземат и користат за целата територија на државата или за одредено подрачје во зависност од потребата и форматот дефиниран од страна на корисникот“, рече Тунџев.
Во НИП геопорталот има 161 метаподатоци, 79 услуги и 82 датасетови од 20 институции кои се координирани од Агенција на катастар на недвижности.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град