Од денес нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид

Нашиот најнов предлог содржи осум нови книги од следните издавачи: Култура, Сакам книги и Просветно дело.

 |   | 

Нашиот најнов предлог содржи осум нови книги од следните издавачи: Култура, Сакам книги и Просветно дело.

Од областа на белетристиката на пултот за зајмување можете да ги побарате следните наслови: Ќерката на мојата најдобра пријателка од Дороти Кумсон, Невидлива убавина – Ејми Хармон. Без каење од Колин Хувер, Тајни на летната ноќ од Лиса Клејпас, Песната на речните птици од Лиса Вингејт.

Денеска ви предлагаме и три илустрирани и едукативни изданија подеднакво интересни за децата, учениците и возрасните. Тоа се: Мојот прв англиски јазик, Откриј го Египет и Поглед одблиску, Инсекти и пајаци.

Одделот за зајмување во нашата библиотека работи од понеделник до петок од 8 и30 до 18 и 30 часот со пауза за дезинфекција од 13 до 13 и 30 часот. Годишната членарина за деца и ученици е 200 а за возрасни 300 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top