Неопходно е да се донесат нови Генерални урбанистички планови за градовите Охрид и Струга за да се имплементира Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО и да се спречат активности кои негативно влијаат врз природното и културното наследство во Охридскиот регион. Охрид од 2015та година е во процес на изработка на ГУП и според најавата на Градоначалникот Константин Георгиески годинава конечно планот ќе биде донесен.
Охрид годинава ќе добие Генерален урбанистички план. На последно донесениот ГУП важноста му измина во 2015та година што значи градот влезе во 6та година како проблемите од урбанизмот се решаваа парцијално со детални урбанистички плански документации. Градоначалникот Константин Георгиески со оптимистичка најава дека до крај на март ГУП за Охрид ќе се најде на гласање пред советниците.
„Добивме конечно согласност од Министерството за образование и наука (МОН) бидејќи целиот проблем за ГУП-от беше тоа што МОН не даваше согласност за дислокација на угостителското училиште во касарната. Според новиот ГУП угостителското училиште ќе остане на постојната локација , таму нема да има никакви измени затоа што со стариот ГУП беа предвидени таму хотелски комплекси , значи тоа нема да се гради. Има уште некои ситни работи кои треба да се доусогласат со УНЕСКО . ГУП-от ќе оди формално на согласнот во МТЦ на почеток на март.“ – обелодени Георгиески на последната седница на Совет.
Неопходно е да се донесат нови Генерални урбанистички планови за градовите Охрид и Струга за да се имплементира Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО и да се спречат активности кои негативно влијаат врз природното и културното наследство во Охридскиот регион.
Георгиески смета дека полека има придвижување во поглед на носењето на деталните урбанистички планови. Тие се усогласуваат со Планот за управување со културното и природното наследство на Охридскиот регион и се доставуваат на согласнот до Министерството за транспорт и врски ( МТЦ).
„Откочивме доста планови периодов. На следната седница советниците ќе го имаат за гласање ДУП за Бејбунар кој е усогалсен со Планот за управување со охридскиот регион и доби согласност од МТЦ .“ – вели Георгиески.
Во тек е и изработка на урбанистичко плански документации за охридските села со средства од Агенцијата за рурален развој и сите тие ќе бидат усогласени со Планот за управување со Охридскиот регион. Урбанизацијата ќе го зголеми потенцијалот на овие средини за стопански и туристички развој но носењето на деталните урбанистички планови е и најефикасниот начин за борба против дивоградбите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град