Уште од денеска на пултот за зајмување можете да ги побарате следните нови наслови: Скандал на пролет од Лиса Клејпас и Ќерката на дрвосечачот од Наде Стоилковиќ, двете во издание на Сакам книги.
Уште од денеска на пултот за зајмување можете да ги побарате следните нови наслови: Скандал на пролет од Лиса Клејпас и Ќерката на дрвосечачот од Наде Стоилковиќ, двете во издание на Сакам книги.
Следните четири наслови се во издание на Матица македонска: Нели е прекрасна и Во секоја љубов има малку лудило од Мари Форс, Нишка од Трејси Шевалие и Некој друг живот од Јелена Бачиќ – Алимпиќ.
Неделниот предлог го заокружуваме со уште три книги во издание на Култура. Зад нејзините очи од Сара Пинбороу, Ќерката од соништата Дијана Чејмберлен и Мистеријата на седумте бабушки, наменета за најмладите читатели од авторот Џеронимо Стилтон.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ за читателите е отворена од понеделник до петок во времето од 8 и 30 до 18 и 30 часот со пауза за Ковид дезинфекција која трае половина час а почнува во 13 часот. Годишната членарина за ворасни чини 300 а за деца и ученици 200 денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град