Денеска започнува вакцинацијата со првата доза на вакцината на Фајзер. Први се вакцинираат здравствените работници кои работат во модуларната болница на инфективната клиника во Скопје, а останатите кога ќе дојдат нарачаните дози. Македонија се уште ги чека вакцините.
Денеска започнува вакцинацијата со првата доза на вакцината на Фајзер. Први се вакцинираат здравствените работници кои работат во модуларната болница на инфективната клиника во Скопје, а останатите кога ќе дојдат нарачаните дози. Македонија се уште ги чека вакцините.
Неколку недели спроти годишнината од почетокот на светската пандемијата на корона вирусот почна процесот на вакцинација во Македонија.
Први вакцината денеска ја примаат здравствените работници од ковид центрите кои секојдневно во изманатата година се сретнуваат со пациенти со најтешки тешки клинички слики и кои во јавноста се нарекувани вистински херои во борбата против пандемијата.
Вакцинацијата од изутрината ја примаат здравствените работници во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Со пратката од 4.680 дози вакцини од производителот на американската „Фајзер“, донирани од Србија , имунизација ќе се споведува само во оваа болница во Скопје, а со пристигнувањето на другите дози вакцини, ќе се врши дистрибуција низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови.
Пунктот во модуларната болница каде се спроведува имунизацијата со првата пратка има шест вакцинални позиции и во наредните денови ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствениот дом Скопје. Според утврдениот план, термините за вакцинирање се 10 минути.
Првите 4680 од вкупно 8000 вакцини од Србија се сместени во фрижидерите во Институтот за трансфузиологија. Од Министерството за здравство информираа дека вакцините се развиени на безбедни платформи и со наведуваат дека со нив ќе се спречи ширењето на
Инаку досега се пријавени 4.000 здравствени работници за вакцинација, од кои околу 2.000 се во градот Скопје, а останатите се во другите градови. Граѓаните пак, кои се заинтересирани за вакцинирање против Ковид-19, во меѓувреме се пријавуваат на веб-страницата vakcinacija, на министерството за здравство и кај матичните лекари.
Еден ден во очи почетокот на имунизацијата вкупно 50.200 граѓани досега се пријавиле за вакцинирање против ковид-19 преку веб-страницата „vakcinacija.mk“, a преку матичните лекари преку системот „Мој термин“ се пријавија 23.808 лица.
Микробилогот Никола Пановски за Радио Слободна Европа оценува дека во проценти, ако се вакцинираат 500 илајди граѓани, тоа ќе биде релативно добро, наведувајќи дека околу 100 илјади граѓани што беа заразени во изминатиот период веќе имаат природен имунитет.
“Мислам дека тој број од досега пријавени, ќе расте, нема врска брзината на пријавувањетo, ако сте ризична група и дента да се пријавите ќе имате приоритет. Како здравствени работници ние сме пријавени одамна, околу 70 посто се заинтересиарни. Но, и да сакаме да вакцинираме 70 насто ќе нема толкав интерес, зашто децата помали од 20 години не се вакцинираат. Сите други треба да се вакцинираат за да има 70 проценти имунизација. А, тоа нема да се случи, ако постигниме да се вакцинираат 500 илјади граѓани е релативно добро, нема да бидеме како Израел, ама релативно е добро”, вели професорот Пановски.
Тој вели дека тие 500 илјади кои се претпоставува дека ќе се вакцинираат се околу 30 проценти од популацијата, но додава дека претходно имунитет по природен пат стекнаа околу 100 илјади граѓани, а додека заврши имунизацијата тој број претпоставува дека ќе биде околу 150 илјади.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град