• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Филмот „Стела“ повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев”

Филмот „Стела“ повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев”

Овој ПЕТОК 19.02.2021 година, со почеток во 19.00 часот, Филмот „Стела“ повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид. Цена на карта 100 денари.

 |   | 

Овој ПЕТОК 19.02.2021 година, со почеток во 19.00 часот, Филмот „Стела“ повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид. Цена на карта 100 денари.

По обид за самоубиство на едно десетгодишно дете, кое е жртва на малтретирање во училиште, Стела (шарпланинка) е единствената која може да го спаси и да му ја обнови верата во животот.Оригинален наслов: СТЕЛА

Траење на филмот: 91 МинутиЗемја / година: MKD/2019Жанр: Драма, СемеенГлумци: Дејан Лилиќ, Тони Михајлоски, Петар Маниќ, Симеон Дамески, Христина Поповиќ Режија: Стојан ВујичиќДистрибутер: Дрим Фектори

СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!Продуцентот Огнен Антов вели дека „Стела“ е приказна за еден шарпланинец, едно дете и за еден дедо. Филмот е копродукција на „Дрим фектори“ од Македонија, „Акција продукција“ од Србија и на „Моуна“ од Германија.Улогата на Никола ја игра 12-годишниот Петар Маниќ, за кого ова е филмско деби, а во кастингот се и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ, позната од српскиот филмски хит „Парада“.

Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Гого Клинчаров, а костимограф е Милена Миленковиќ. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Филмскиот центар на Србија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top