ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СНЕГОТ

Поради врнежите од снег кои го зафатија Охридскиот регион, интензивно се работеше на расчистување на главните сообраќајници, пешачки патеки и јавни површини во централното градско подрачје и приградските населби.

 |   | 

Поради врнежите од снег кои го зафатија Охридскиот регион, интензивно се работеше на расчистување на главните сообраќајници, пешачки патеки и јавни површини во централното градско подрачје и приградските населби.

Расчистени и проодни се локалните патишта кон сите села во општината и непрекинато продолжуваат активностите за чистење на коловозот. Ангажирана е целокупната расположлива опрема на ЈП “Охридски Комуналец” заедно со околу 70 работници кои рачно го чистат снегот.

Исто така, беше извршено и прскање со специјално средство против замрзнување на улиците кои се наоѓаат во повисоките делови на градот. Теренските активности за чистење на снегот ќе продолжат и во текот на наредните денови во согласност со потребите и временските услови.

Во пресрет на работната седмица, се спроведоа интензивни активности за чистење на пристапите кон училиштата, градинките и другите јавни институции во градот.

Непрекинато се работи на расчистување на коловозите, тротоарите и останатите фреквентни јавни површини.

Работниците на ЈП “Охридски Комуналец” кои се теренски ангажирани за чистење на снегот во Охрид ќе добијат еднократна награда како признание за вложениот труд, посветеност и успешно реализираните активности. Уште еднаш упатувам искрена благодарност за нивниот ангажман и навремената реакција, која придонесе за непречено одвивање на сообраќајот по главните улици и локалните патишта кон сите села во општината“, информира градончалникот на Општина Охрид Константин Георгиески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top