Македонија – Кина 1:0

Туристите ги разликуваат автентичните производи и  сувенири со македонски мотив изработени во Кина.

 |  Валентина Нелоска  | 
suveniri
сувенири

Туристите ги разликуваат автентичните производи и  сувенири со македонски мотив изработени во Кина.

Странските туристи при посетата на Охрид бараат дома да понесат автентичен, македонски производ велат продавачите на сувенири. Во последните години недостигот од сувенири е надминат и може да се купат најразлични производи, а туристите во зависност од длабочината на џебот можат да купат од ефтини до скапи сувенири.

suveniriИако Охрид ги има филигранот и бисерот како автентични и препознатливи производи за ова поднебје, сепак се чини дека тоа не е доволно вели продавачот на сувенири Благородна Јосифоска Одех.
Во изработката на сувенири, како што се куклите во народна носија, ткаените торбички или везените работи, претежно се вклучени припадниците на повозрасната генерација вели Одех, додека помладите се ретки. Сувенири рачно изработуваат само припадниците од средната генерација, додека младите се многу малку вклучени.

Битието на секој народ е во тоа што се изработува рачно и се пренесува со љубов на ткаеница или везеница, а туристите знаат да ги разликуваат  автентичните  производ и  сувенирите со македонски мотив изработени во Кина. Таа апелира што повеќе да се нудат македонски автентични производи, рачно изработени. Одех како добар познавач на интересот на туристите смета дека и во основното образование треба да се воведе предмет за изучување на изработка на рачни работи.    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top