Монтажната ковид болница во Охрид е скоро готова

Внатрешноста е уредена , останува уште да се приклучи објектот на довод на струја. Директорот на општа болница очекува со пуштање во употреба на модуларната болница за прв пат да се изврши реновирање на инфективното одделение. Појавата на британската мутација на вирусот во Охрид нема да промени многу во болничката нега на ковид пациентите , но Балески смета дека граѓаните не ги почитуваат мерките и поради тоа бројките на заразени во градот и понатаму ќе растат.

 |   | 

Модуларната болница во кругот на охридската општа болница е скоро готова. Дождливото време малку ги забави работите овие денови па останува уште целиот монтажен објект да се приклучи на довод на електрична енергија. Објектот има капацитет од 40 кревети во собите со по 6 и 8 легла и вклучува приемна амбуланта како и дел за изолација.

„Предвидено е цело инфективно одделение да се префрли тука заедно со персоналот . Тука имаме 40 кревети. Откако ќе го префрлиме тука ќе можеме за прв пат да реновираме нешто во инфективното одделение. Со пуштање во употреба на монтажната болница да се ослободи другиот дел од болницата и да почне интерното одделение и хируршкиот блок да работат со вообичаената патологија  затоа што не е само Ковид , имаме огромен број други пациенти на кои сме им потребни и треба и ним да им се посветиме. – изјави директорот на ЈЗУ Општа болница , д-р Горан Балески.

На инфективното одделение во моментов има 45 ковид пациенти од кои 35 се на кислородна поддршка. Околу 30 пациенти се со тешка клиничка слика на болеста вели др Балески. Тој смета дека бројките во Охрид од стагнација одат кон благ пораст поради опуштеноста на граѓаните и непридржувања кон мерките за спречување на ширењето на вирусот. Појавата на британската мутација во Охрид нема многу да промени во болничките протоколи и терапијата но граѓаните треба да се посовесни, да не се групираат и да носат маска за да не се доведуваат во ризик од инфекција.

„ Самото влегување на инфективното одделение , онај момент кога лекарите ќе ви кажат дека треба да останете на инфективното одделение сигурно дека не е едноставно. Целата таа атмосфера кога ќе видите дека најголем дел од пациентите кои се лекуваат се на кислород , сигурно дека не е пријатно. Имаме доста и психички проблеми , имаме доста пациенти и со психички проблеми , со интернистички проблеми, тоа бара соработка помеѓу сите доктори во болницата.“ – вели д-р Балески.

Имаме кадар кој во моментов е позитивен на вирусот но правиме ротации, вели директорот. Додава дека болницата се` уште работи во некој оптимален модел во кој  потребите се покриваат со сопствениот  кадар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top