Радиологот др Жарко Даскалоски дијагностицирал карцином на дојка кај 35 жени во пандемиската 2020 година во југозападниот регион. Даскалоски во ординацијата во Вевчани прегледува и по 2.700 жени годишно и вели загрижувачки е што се намалува старосната граница на пациентките.
Расте бројот на заболени од карцином на дојка во Југозападниот регион во земјава. Во здравствениот дом во Вевчани, цели 18 години се вршат ехо прегледи и мамографија на дојки. Освен вевчанки, стружанки, охриѓанки, дебранки,кичевчанки и ресенчанки доаѓаат и жени од други градови од земјава, но и од соседна Албанија.
Единствениот радиолог во оваа установа, д-р Жарко Даскалоски, прегледува и по 2.700 жени годишно. Само во 2019 откриени се 44 карциноми во регионот, а во пандемијата во 2020 година 35.
„Свеста од година во година расте и тоа мене ме радува како лекар по дијагностика затоа што женската популација си има своја култура доаѓа на редовни прегледи на шест месеци, на година. Пациенти имаме од Цела Македонија псоледно време доаѓааѕт и од Македонски Брод, ресен но и од источна Македонија слушнале за Вевчани па доаѓаат на викенд од Неготино, Кавадарци, Струмица и Скопје , вели доктор Жарко Даскалоски радиолог во Вевчани.
Загрижува и тоа што се намалува старосната граница, карционом е откриен и кај 27 годишна жена.
„Најмладата е значи тоа беше пред десетина година имаше 27 години а последниот период во изминативе две години најмладата пациентка има 31 години“, додава Даскалоски.
Карцином на гради е откриен и кај тројца мажи. На светско ниво, ракот на дојката, е најчестиот карцином кај жените, афектирајќи околу 10% од женската популација. Клучно за лекувањето на болеста е рана детекција и ефективен третман.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град