• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Националната комисија за УНЕСКО: Зачувување на Охрид како светско природно и културно наследство

Националната комисија за УНЕСКО: Зачувување на Охрид како светско природно и културно наследство

Националната комисија на УНЕСКО на вторатa седница го разгледа Нацрт-извештајот за состојбата и напредокот во заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион за 2020 година, при што усвои Мислење упатено до Владата, во кое се вели дека Нацрт-извештајот е во насока на истакнување на заложбите на земјата која значително ги интензивираше своите активности за спроведување на Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО од седницата одржана во Баку во 2019 година и за исполнување на препораките на Реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО и советодавните тела ICOMOS и IUCN реализирана во 2017 година.

 |   | 

Имајќи предвид дека Република Северна Македонија останува цврсто посветена на зачувувањето на статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија го разгледа и подетално се запозна со содржината и со постапката на изготвување на Нацрт-извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство (43 СОМ 7В.36), кој ја отсликува состојбата со доброто и предлага Владата на Република Северна Македонија да го разгледа и да го усвои“, се наведува во соопштението на Министерството за култура.

Според Комисијата, со оглед на фактот што Нацрт-извештајот претставува официјален документ на државата „подготвен врз основа на информациите што ги отсликуваат комплексните состојби со доброто, преку владината процедура релевантните органи, институции и локалната самоуправа ќе имаат можност да го дадат своето мислење пред неговото официјално усвојување од страна на Владата на Република Северна Македонија, а со цел Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија да го достави до Центарот за светско наследство на УНЕСКО“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top