ДОНИРАНИ 200 ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ НА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ СЕМЕЈСТВА

Во рамки на проектот „Нула глад во Општина Охрид“ викендов беа донирани 200 хуманитарни пакети за 100 социјално ранливи семејства од општината кои се обезбедени во соработка со позната трговска компанија. Овој проект, Охридската локална самоуправа го реализира во соработка со здружението „Храна за сите – Банка за храна МК“ како дел од националната акција „Нула глад“ и истиот е дел од одредбите на заедничкиот меморандум за соработка.

 |   | 

На официјалниот настан за предавање на донацијата, присуствуваше заменик градоначалникот Ристо Николески кој истакна дека Општина Охрид секогаш е подготвена за поддршка на проекти и активности кои имаат социјална и хумана димензија. Хуманитарните пакети ќе бидат доставени до ранливите семејства од страна на мобилните тимови на Општина Охрид, кои беа формирани за помош и поддршка за време на здравствената криза од пандемијата Ковид-19.

Како дел од денешните активности, беше одржана и презентација на системот „Банкарство со храна во Охридскиот регион“, со цел да се подготви локален тим кој ќе може да ја раководи Локалната Банка за храна МК во Охрид.

Мисијата на „Храна за сите – Банка за храна МК“ се состои во собирање на вишоци храна од сите оператори со храна (производители, дистрибутери и трговци), нивно складирање, евиденција и дистрибуција до сиромашните и социјално загрозени категории, во соработка со организации, социјални установи и институции, кои помагаат и се вклучени во борбата против сиромаштијата и гладот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top