На свеченоста која се одржа во дворот на училиштето директорката Иван Маховска Шикалеска им оддаде признание на учениците нарекувајќи ги малите прличевци кои учеа и постигнуваа успеси во пандемија, на своите колеги кои ги водеа учениците низ едно поинакво образование и на родителите. На свеченоста беше потпишан и меморандум за соработка со Гете Институт Скопје со што продолжува успешната приказна на Григор Прличев какао пратнер на овој институт.
„Горд е оној кој со труд се извишува себе си “ – рекол Прличев. Нашите ученици со својот труд покажуваат дека се генерација херои , генерација која ќе биде запаметена по многу подвизи и успеси, кажа директорката на ОУ „Григор Прличев“ Ивана Маховска Шикалеска на свеченоста по повод патронатот.
„Ова училиште иако со многу помалку ученици од вообичаено успеа да покаже дека може да биде сплотено и во време на пандемија. Во време кога физичката дистанца ни стана императив ние успеваме да ја задржиме социјалната дистанца на една близина. Секое утро денот го започнувавме со една мисла „Се` ќе биде добро“и со таа мисла ги водевме учениците низ нивното училишно секојдневие кое за жал беше поразлично од она на кое се навикнати. Едните во клупа другите пред компјутер. За нас единствена заповед беше нивната стабилна емотивна и психичка состојба и како најлесно да го пребродат ова време на пандемија. “- истакна Маховска Шикалеска.
Не е лесно да се биде ученик во пандемија. Нашите ученици, нашите прличевци покажаа дека и во време на учење од далечина и дружење на далечина повторно можат да бидат најдобри, кажа Шикалеска.
„ Посетуваа многу он лајн курсеви , он лајн натпревари во кои ги освоија првите места . Учествуваа во сите он лајн вон наставни активности и со радост ги презентираа своите прокети , мислења и трудови. Ова училиште одсекогаш нижело успеси но во ова време најголем успех е што успеавме да го задржиме магичниот триаголник ученик-училиште-семејство. “ – посочи Маховска Шикалеска.
На празнувањето белег даде меморандумот за соработка со Гете Интитут Скопје кој го потпишаа директорката и претставникот на Институтот, Фаук Шлајхер. Како едно од четирите партнер училишта на Гете Институтот од државава, училиштето беше дел од бројни настани, работилници, образовно едукативни кампови, доби стипендии за ученици и наставници и кабинет по Германски јазик со современа опрема.
На свеченоста беа доделени наградите на учениците за најдобри ликовни и литературни творби на училишниот конкурс на тема „Секоја генерација има свое обележје, Прличев негово , ние наше“, а учениците Виктор Милевски 5то одд. и Даријан Ангеловски 9то одд ги прочитаа своите првонаградени литератирни творби.
На бистата на Прличев беше положен ловоровиот венец, а букети цвеќе положија делегација од Општина Охрид предводена од Градоначалникот Константин Георгиески како и советници во градскиот севет, претставници на институции и организации од градот кои беа гости на свеченоста одржана според ковид протоколите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град