Оштетени информативните табли во Вевчани. Продолжуваат вандалските чинови врз јавните добра во општиниве од регионов. Деновиве на мета беа информативните тавбли во Вевчани кои беа испишани со боја.
Оштетени информативните табли во Вевчани. Продолжуваат вандалските чинови врз јавните добра во општиниве од регионов. Деновиве на мета беа информативните тавбли во Вевчани кои беа испишани со боја.
„Најостро го осудувам овој вандалски чин и повикувам на граѓанска размуност. Таблите кои се испишани, се дел од проектот на заштитеното подрачје и служат за информација и дополнителна едукација на граѓаните. Но, никако нѐ служат за политички или било какви други натписи“ напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски.
„Општото добро кое го креираме е за сите вевчанци. Вевчани секогаш треба да го сакаме, без разлика дали е некој на власт или во опозиција“, информира Јанкоски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град