Манчестер го лови Вучиниќ

Црвените Ѓаволи се подготвени да потпишат со Мирко Вучиниќ кој по заминувањето на Роналдо би бил одлична замена за него во нападот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Mirko Vucinic
Мирко Вучиниќ

Црвените Ѓаволи се подготвени да потпишат со Мирко Вучиниќ кој по заминувањето на Роналдо би бил одлична замена за него во нападот.

Mirko VucinicМанчестер Јунајтед сеуште размислува за тоа како да ги потроши 94. милиони евра кој ги доби од трансферот на Роналдо во Реал Мадрид.

Според последните светски трансфер вести Сир Алекс Фергусон е заинтересиран за напаѓачот на Рома, Црногорецот Мирко Вучиниќ чиј стил на игра потсетува на оној кој го негува Роналдо.

„Да, точно е, Вучиниќ ќе биде еден од првите избори на клубот“, изјави анонимен извор од англискиот клуб. „Сепак, нема конкретна понуда сеуште“, додаде тој.

Доколку навистина постои заинтересираност и доколку од Рома добијат понуда за Вучиниќ се чини дека преговорите за преминување на Мирко во Манчестер ќе бидат кратки, но дали ќе добиат понуда сеуште не се знае официјално.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top