• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридската општа болница повторно се полни со пациенти со тешка клиничка слика на Ковид 19

Охридската општа болница повторно се полни со пациенти со тешка клиничка слика на Ковид 19

Граѓаните се опуштија, се  организираат забави и дружење и токму затоа Охрид е на второ место во земјава по број на новозаболени од корона вирусот.  Од хоспитализираните пациенти во Општата болница голем дел се со тешка клиничка слика на болеста. Докторите апелираат до охриѓани да не се опуштаат посебно поради детектираниот британски сој на вирусот кој полесно се шири. 

 |  Соња Рилковска  | 

Граѓаните се опуштија, се  организираат забави и дружење и токму затоа Охрид е на второ место во земјава по број на новозаболени од корона вирусот.

Во моментов во општината има  397  активни случаи, но лекарите стравуваат од нов бран. Особено загрижува британскиот сој на вирусот кој  е за 70% позаразен а беше откриен кај охриѓанец кој се лекуваше во охридската болница.

 „Добиваме  пaциенти кои се стварно со тешка клиничка слика, така да се уште  работиме по таа истата програма  како на почетокот. Пациентите се распределени на трите оддели на интерно, инфективно, геријатрија. Целата болница е уште окупирана со ковид пациенти“ , вели д-р Горан Балевски директор на охридската болица.

Во моментов во охридската болница  се сместени педесеттина пациенти, на возраст  од 50 до 80 години повеќето со тешка клиничка слика ,  дури 30 од нив се на кислородна поддршка. Медицинскиот персонал е уморен, речиси цела година  деноноќно со сите сили  се справуваат  со пандемијата, апелираат граѓаните  ревносно да се придржуваат кон мерките за заштита.

„Голем е уморот и психички и физички , не е лесно само скафандерот да го облечете и пет саати да седите ќе се изморите. Персоналот се покажа во вистинско светло.Јас не апелирам ги молам граѓаните да се придржуваат на мерките затоа што и персолналот е  уморен од цела оваа состојба и тие треба нас да не сфатат“,  додава Балевски.

Привршува изградбата на новата ковид болница,а градот ќе добие уште 40 дополнителни кревети, но и можност по завршувањето на пандемијата да се реновира Инфективното оделение. Менаџментот тврди  дека  нема недостаток на персонал  во изминатиот период  дополнитлено се вработени и лекари и медицински сестри.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top