Филипче: Првата испорака на вакцината на AstraZeneca доаѓа во март

КОВАКС механизмот, преку допис, нé информираше дека првата вакцина која преку овој механизам ќе пристигне во нашата земја, е вакцината AstraZeneca. Испораката на 35% од предвидените 175.200 дози од оваа вакцина ќе се реализира во март, а остатокот до средината на годината“ информира Министерот за здравство Венко Филипче.

 |   | 

Системот за вакцинација е целосно подготвен да ги прими количините на вакцините преку КОВАКС механизмот, но истовремено обезбедува вакцини и од други производители и преку други механизми објасни министерот.

Нашата земја има развиена безбедена и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата, посочи Филипче.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top