Пописот ќе покаже колку е иселен Охрид

Пописот ќе покаже дека од Охрид се иселени  многу повеќе млади луѓе отколку што се претпоставува, сметаат охриѓани. Пандемијата беше само затишје во овој негативен тренд кој, според граѓаните, ќе продложи уште поинтензивно кога ќе се подобри состојбата со вирусот. Загрижувачки е и статистиката дека во Охрид со години има  негативен природен прираст на населението.

 |  Соња Рилковска  | 


Пандемијата го стагнира иселувањето на младите од Охрид. Според податоците од Државниот завод за статистика само  во 2019 та година од Охрид се иселиле дури  197 лица. Според анализите на граѓанските организации минатата година поради корона пандемијата се бележи блага стагнација во иселувањето, но очекувањата се дека кога ќе помине пандемијата граѓаните особено младите  ќе продолжат иднината да ја бараат во странство.
Пописот  ќе покаже дека иселеноста во Охрид е многу  поголема во однос на другите градови во земјава.

„Се ислеуваат млади луѓе кои бараат подобра перспектива мегутоа се иселуваат и цели семејства со деца за жал кои бараат пподобра иднина во некои од европските држави. Прва причина е егзистенцијата, а потоа и недовербата во иснтитуциите. 0152 Животот е станат толку скап  така да луѓето гледаат да заминат од тука со платите не можат да преживеат“  , вели Вахид Мемет граѓански активист.

Охрид со години е  рекордер по иселување, очекувањата се  дека пописот ќе  ја потврди  тажната реалност  – намален бројот на жители во градот за околу 30%.

„Млади, дел од младите се иселени но постарите луге тука се во Охрид. Нормално е дека е загрижувачко не би требало младите да бегаат  тоа покажува состојбата дека во државата е никаква“, вели еден охриѓанец.

„Ќе видиме вистината каква е за Охрид мислам дека 30% понмалку. Ние рачунаме дека сме 30 000 но не сме повеќе од 22 000 жители“, вели друг охриѓанец.

„Убаво е да се направи попис“ , вели една охриѓанка.

Освен податоците за миграциите, загрижуваат и статистиките во однос на морталитетот и наталитетот во Општината. Во текот на 2019 та година во Охрид се родиле 454 новороденчиња, а починале 658 луѓе. Ова говори дека стапаката на морталитет е и понатаму повисока, а градот ваков негативен прираст има со години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top