Белчишко Блато ќе стане достапно за сите

Во Општина Дебрца изминатиов период се спроведува проектот „Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишко Блато (Сини Вирој)”, кој го спроведува Здружението ЕКОТУРИЗАМ 2016, а финансиран од Европската Унија, мониториран и потпомогнат од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

 |   | 

Главни цели на проектот се:

– Мониторинг на најважни растителни и животински видови и хабитати во подрачјето на Белчишко Блато;

– Изградба на туристичка инфраструктура (летниковци, набљудувачница за птици, информативни табли);

– Изработка на филм за блатото;

– Подготовка на студија за валоризација на екосистемските услуги од Белчишко Блато (Сини Вирој);

– Подготовка на студија за социо-економското значење на Белчишко Блато (Сини Вирој)

– тренинг компонента за засегнати чинители и за Општина Дебрца како потенцијален управувач со подрачјето на Белчишко Блато како идно заштитено подрачје;

– јакнење на јавната свест за значењето на блатото и придобивките од него преку едукативни материјали

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top