• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Вработувањата во Општина Охрид единствено предизвикаа дискусија на седницата на Совет

Вработувањата во Општина Охрид единствено предизвикаа дискусија на седницата на Совет

Годишниот план за вработување на Општина Охрид за 2021 година единствена точка на денешната 54та седница на совет за која имаше кратка  дискусија и за која не гласаше опозицијата. Останатите одлуки беа едногласно донесени. Продолжува праксата вработувањата во општинската администрација да се планираат во нагорна линија место истата да се рационализира и да биде поефикасна, обвини опоцизијата.  

 |   | 

Предлог одлуката за измени на годишниот план со кој се предвидени 32 вработувања во општината за оваа година беше прифатена со 13 гласа ЗА додека пак советниците од  опозиционата ВМРО ДПМНЕ беа против. Неприфатливо е планот кој веќе беше донесен да се изменува во насока на зголемување на превидените вработувања во година во која општината е исправена пред низа предизвици предизвикани од корона кризата и загрозениот УНЕСКО статус, кажа Гордана Коњановска, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

„Ако кажуваме дека ќе биде од голема помош износот од 6 милиони денари кој го издвои Владата за отстранување на дивоградбите како значителен износ, а велиме дека ќе правиме напори да обезбедиме и сопствени средства и покрај сето тоа повторно милионски суми предвидуваме за нови вработувања кои е тешко да бидат објаснети со зголемен обем на работа.“- кажа Коњановска.

Телефонист, администратори , протокол не се работни места кои се неопходни за ефикасноста на една од најзадолжените и една од најпревработените општини во државава, упати критика советникот Димитар Манчев.

„ Со предвидениот буџет би рекол за партиски вработувања, предвидени се над 13 мил денари или околу 200 000 евра. Со тие пари можат да се реконструираат 4 градинки, 5 повеќенаменски игралишта, 2 кружни текови, да се купат 700 лаптопи за ученици. Предлагате вие како општина 32 нови партиски вработувања , би рекол партиски бидејќи горе долу веќе се знаат низ градот луѓето кои ќе бидат вработени, но не би го коментирал сега тоа. “– кажа  Манчев.

За Секретарот на општина Охрид , Игор Бежоски, е жално што вработувањата во администрацијата побудуваале  најголем интерес не само кај опозицијата туку и во целокупната  јавност.  
Со донесениот план во август минатата година беа опфатени 27 нови вработувања а со измените се предвидуваат 5 нови од кои 2 се  предвидени за ТППЕ, едно е местото помошник рајководител на сектор за комунални дејности кое лани со интерен оглас било испразнето, раководител на одделение за инспекторат и помошник раководител на сектор за меѓународна соработка со УНЕСКО, појасни секретарот.

„Велиме 32 нови вработувања, а знаете години наназад се носеле планови за вработување со кои сите места кои сме ги предвиделе не значи дека ќе ги пополниме. Минатата година немавме ниту едно вработување. Оваа година 12 вработени ни се за пензионирање. Доколку не се донесе законот за пензионирање нема да одат но ние мора да предвидиме. “- рече Бежоски.

Во поглед на критиката за презадолженоста на општината Секретарот посочи дека локалната посветено работи на процесот за раздолжување и  за само две години го намалила долгот за повеќе од една милијарда денари.
Останатите точки на дневен ред беа едногласно прифатени и од позицијата и од опозицијата. Па така помина програмата во областа за располагање со градежно земјиште во сопственост на државата , одлуката за висината на закупнината за поставување урбана опрема и мерките  субвенционирање комунални трошоци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top