Председателот Ѓорѓе Иванов во Охрид. По шести пат пред Светиклиментовиот храм на Плаошник, најдобрите дипломци од државава добија инженерски прстен, како заслуга за највисоко постигнат успех во високото образование.
Председателот Ѓорѓе Иванов во Охрид. По шести пат пред Светиклиментовиот храм на Плаошник, најдобрите дипломци од државава добија инженерски прстен, како заслуга за највисоко постигнат успех во високото образование.
Денеска во Охрид традиционално Председателот на Р Македонија Ѓорѓе Иванов, на 10 те најдобри дипломци на високите образовни институции, им ја врачи наградата. Председателот Иванов ја нагласи големата улога на високото образование. Тој рече дека сака да предводи земја во која ќе има успешни луѓе, земја која се соочува со сите предизвици, а идните инженери да бидат предодредени да создаваат и оставаат трага.
Председателот на Инженерската институција на Македонија, Александар Димитров, во своето обраќање рече дека инженерската професија мора да се разбере како движечка сила на развојот на секоја земја. Тој нагласи дека интензивното спроведување на реформите во нашата земја мора да се потпрат на инженерскиот кадар како потенцијал, не само од гледна точка да се обезбеди брз економски развој, туку да се вклучи и во Евроатланските интеграции.
Претставникот на добитниците на наградата „инженерски прстен 2009“, Лилјана Божиновска, рече дека продолжуваат и понатака во остварување на целите на високото образование посебно привилегирани од денешниот чин.
Првиот прстен, го доби токму Председателот Иванов, како покровител на оваа традиција. Тој ги повика сите Македонци кои се истакнати во светот по своите знаења и амбиции да се вратат во својата земја, и да им помогнат на Македонија. Иванов им вети како највисока обврска на луѓето кои ја водат државата дека ќе им ги обезбедат сите услови кои им ги нудат останатите држави.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град