Тужба за Министерство за животна средина, општина Струга и Комуналното претпријатие за струшката депонија. Македонското здружение на млади правници во соработка со адвокатската канцеларија Стојкоски –Ќатоски бараат итно да се престане со депонирање на градскиот смет на депонијата која ја загадува почвата, реката Црн Дрим и Охридското езеро.
Тужба за Министерство за животна средина, општина Струга и Комуналното претпријатие за струшката депонија. Македонското здружение на млади правници во соработка со адвокатската канцеларија Стојкоски –Ќатоски бараат итно да се престане со депонирање на градскиот смет на депонијата која ја загадува почвата, реката Црн Дрим и Охридското езеро. Претоварната станица која се изгради пред 3 години со цел да се пренесе струшкиот отпад на друга локација не профункционира. А регионална дешпонија како трајно решение на проблемот не е ни на повидок.
Поднесена прва граѓанска тужба за струшката депонија. После направено вештачење дека депонијата, која е во самиот град ја загадува почвата, реката Црн Дрим, Охридското езеро со што предизвикува штетни последици врз здравјето на луѓето, тужени се министерство за животна средина, општина Струга и Комуналното претпријатие.
Тужбата ја поднесе Македонското здружение на млади правници во соработка со адвокатската канцеларија Стојкоски –Ќатоски, кои бараат итно да се престане да се депонира отпад и дислокација на градската депонија. Еколозите велат во земјава депониите не се по стандардни.
– „Во Македонија нема стратегија за третирање на отпадот ние на хартија имаме но нема стратегија во фактичкото управување. Ставот на Охрид сос е дека сега во регионот треба да се донесат компостари со тоа ќе се редуцира отпадот“, вели Драгана Велкоска .
Дислокацијата на депониите во регионот се и една од клучните забелешки на Унеско, надлежните мора да обезбедат безбедно управување со отпад.
–„Во светот земјите прават пари од отпад, а ние овде се гушиме и давиме од него. До управувањето е до менталитетот на оние кои ги носат одлуките“ , додава Велковска.
Врз основа на поднесената тужба се очекува судска постапка за решавање на најгорливиот проблем во Струга со деонијата, која години наназад се спалува и ги гуши стружани.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град