Пандемијата затвори десеттина дуќани во охридската чаршија. Продавници за текстил, слаткарници, парфимерии, цвеќарници и сувенирници неможејќи да ги подмират месечните трошоци ставија клуч на врата.
Пандемијата затвори десеттина дуќани во охридската чаршија. Продавници за текстил, слаткарници, парфимерии, цвеќарници и сувенирници неможејќи да ги подмират месечните трошоци, ставија клуч на врата.
Од здружението „Чаршиски еснаф“ велат прометот, што е дирекно зависен од турзмот, им е намален за 70%, за да опстанат бараат да бидат опфатени и во петтиот пакет мерки за субвенционирање на плати за вработените.
Високите закупнини на дуќаните се најголемиот товар, но бараат и општината да им ги намали комуналните давачки и фирмарината.
„Ги повикувам сите јавни претпријатија да не прават блокирања да не не` даваат на извршители затоа што вистина имаме проблеми. Гледате дека чаршијата е пуста. Имавме само два месеци туризам годинава но тоа не е доволно и не е тип на туризам на кој Охрид е научен да функционира беа дојдени исклучиво луѓе за плажа, не беа заинтересирани ни за бисер, ни за гардерба“ , вели Маја Бакалова претседател на Здружението „Чаршиски еснаф“.
Иста е состојбата и кај занаетчиите. Од почетокот на пандемијата до денес во Охрид затворија 12 занаетчиски дуќани.
„Имаме голем пад поради корона кризата секако и занаетите сите ние сме дел од таа алка кога една алка ќе се скини цел синџир пропаѓа. Се бориме со сите максимуми за да г спасиме сите наши трошоци“, вели Михајло Филев производтел на Охридски бисери.
„Прометот се намали нема туристите кои доаѓаа групи. Годинава е нула“ вели Коста Аиноски, резбар од Охрид.
Гoлем дел од дуќанџиите и сами беа заболени од корона вирусот, продавниците им беа затворени, вработените во излоација, а за тој период не добиваа никаква помош од владата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град