Aлманахoт предизвика силни емоции кај наследниците на старите охридски рибари

Рибарскиот алманах предизвика силни емоции кај наследниците на старите охридски рибари од 1934 до 1941 година. Дигитализираните слики на дедовци и прадедовци израдуваа па и расплакаа многумина. За тоа како го доживеаја алманахот пред камерата на ТВМ зборуваат внуци на рибарите Стефан Алчев, Ефтим Каневче и Горѓи Филев Џоџе.

 |  Соња Рилковска  | 

Возбуда, спомени и солзи радосници кај охриѓани предизвика изработениот Рибарски алманах. Алманахот во дигитална форма со колекција од 150 рибари од охридскиот крај достапен на интернет ги разбуди спомените кај денешните внуци и правнуци.

Велат горди се што нивните дедовци познати рибари од минатиот век на еден начин добија заслужено произнание.


„Се израдував токму кога го видов мојот дедо Стефан Алчев кој во минатото беше рибар. Чето одеше на рибарење јас одев со него ме земаше во слободно времеодев со него рибаревме. Така го научив занаетот јас али не сум страсен риболовец“,
раскажува Кочо Ајлиноски.

И во охридското семејство Каневчевци, каде долга е традицијата на рибарството алманахот донесе голема радост.

„Задоволствотое преголемо, а да биде уште поголемо алманахот покажувајки му го на татко микој е фактички прво колено поточно неговиот стирко е дел од алманахот тоа занего беше чуство кое не можам да ви го опишам. Низ солзи зборуваше буквално скоро 80% од градските рибари а гледам и струшки има рибари„, вели Перчо Каневче внук на рибарот Ефтим Каневче.

Во алманахот е и познатиот Горѓи Филев Џоџе, отпеан во песните по љубовта со Русе. Неговите внуци горди и среќни за ова ремек дело единствено од ваков вид во земјава, кое го изработија Историскиот архив и професорот Зоран Тунтев, како подарок за празникот Богојавление.


„Тоа дело сакам да го поздравам бидејки е дело од културата на Охрид , рибарите седел од таа традиција. Има мнгу приказни од сите профли на оппштеството. Можам гордо да кажам дека мојот предок Горги Филев Џоџе кој е опеан и во народната песна Бог да бие Русе твојта мајка што не те дава за Џоџета од Филевци. Тој бил еденитересен лик, бил боем и затоа е и отпеан поради неговите интереси љубовни случувања“
, вели Михајло Филев.

Риболотовот е забранет, а ендемичните риби се на работ на истребување,денес рибарскиот алат на познатите семејства, кои со децениии се занимавале со овој занает стои за спомен и сведочи за едни убави времиња.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top