Во последниот Нацрт извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата и Југозападниот плански регион мора да ги затворат нелегалните депонии како Буково, Мауцкер, депониите кај Струга, но и помалите, многу побројни во регионов, а просторот соодветно да го исчистат и опплеменат.

Според претходниот извештај депонијата во Буково требаше да биде затворена до крајот на 2020 година и повеќе на та таа локација да не се одлага отпад, но во најновиот, оваа препорака треба да се исполни во временска рамка од три години.
Откако отпадна идејата за изградба на регионална депонија во Општина Дебрца оваа година Југозападниот плански регион мора да изнајде решение за изградба на регионална депонија.
Кога станува збор за депонијата за инертен шут на влезот на Охрид, кај Мауцкер, пред помалку од една година директорот на ЈП „Охридски комуналец“ кажа дека Мауцкер засега е единственото решение за граѓаните да го одлагаат градежниот шут, а истиот се депонира на Мауцкер по принципот на депонијата Буково со зарамнување .
Помалите и многу бројни диви депонии во Охридското сливно подрачје, во рамките на своите можности ги расчистуваат јавните комунални претпријатија и еко ентузијастите.
Најновиот нацрт извештај претставува своевиден резултат на реактивната мониторинг мисија од месец февруари 2020 година и е сублимат на забелешките од сите претходни мониторинг мисии кои биле реализирани во овој регион.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град