Деновиве пристигнаа модулите за монтажната болница за третирање на пациенти заболени од ковид 19 во Охрид. Веднаш се пристапи на нивно монтирање, па така до крајот на денешниот ден болничкиот објект веќе го доби својот лик.
Деновиве пристигнаа модулите за монтажната болница за третирање на пациенти заболени од ковид 19 во Охрид. Веднаш се пристапи на нивно монтирање, па така до крајот на денешниот ден болничкиот објект веќе го доби својот лик.
Станува збор за контејнери од 300 метри квадратни направени со влез и излез, кислородни станици, амбулантен и тријажен дел. Модуларната болница треба да располага и со рендген апарат. Во моментов во охридската болница се хоспитализирани четириесеттина ковид позитивни пациенти.
Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и беше избрана фирмата “МН-АС Констракшн” од Струга, за реализирање на градежните активности.
На просторот веќе беше извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата, а направен е и асфалтиран пристапен пат. Исто така, ќе биде извршено поставување на водоводна и канализациона мрежа и ќе се спроведат приклучоци за електрично напојување.
Модуларната болница ќе има капацитет од 40 легла и ќе биде опремена со целокупна медицинска опрема. Дополнителните објекти значително ќе го зголемат капацитетот на Инфективното одделение во општата болница и ќе го олеснат справувањето со здравствената криза во Охридскиот регион.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град