Велгоштани бараат да се чисти и одржува речното корито

Се излеа дел од коритото на Велгошка река. Поплавене локалниот пат покрај неуреденото корито на каналот. Водата им стигна пред дворовите на околните куќи .

 |  Соња Рилковска  | 

Се излеа дел од коритото на Велгошка река. Поплавене локалниот пат покрај неуреденото корито на каналот. Водата им стигна пред дворовите на околните куќи . Жителите стравуваат, доколку продолжи дождливото време ќе им ги поплави и куќите и нивите.

Причнина за излевањето е неисчистеното корито обраснато со треви, трње и отпад. Жителите направија импровизирана преграда за да ја пренасочат водата.

„Ова е селски пат. Има три функции, служи за поминување на селаните, има канализација, овде има шахти. Поголема вода и еве прелива наваму ни дојде и морав да го направам тоа времено да се заштитиме“ ,вели Петар Тодороски жител на Велгошти.

Не е прв пат да се излее коритото на реката. И воминатото при дождливо време им се случувало истото. Месната заедница од Велгошти побарала одопштина да се исчисти и уреди кракот од каналот во должина од 50 тина метри, новелат биле одбиени.

„Најзагрозени сме ние, водата ни влегува дома не може да се помине ќе сниматенагоре ќе видите. 0048 Не е исчистено коритото нагоре, треви има трње, шипинки не знам што нема. Се јавив во општинададовме и таму молба. Рече ќе дојдат ќе видат што е еве со месеци чекаме. Реагиравмедодека беше убаво времето. Неколку пати ни се поплавил дворот“, вели Надица Тодороска жител на Вегошти.

Од општина Охрид велат дека ЈП „Охридски комуналец“ редовно ги одржува и два пати годишни ги чисти. Додека Велгошка река последен пат е чистена пред три месеци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top