Патот Охрид – Св Наум се распаѓа

Не е извршен ниту еден поголем реконструктивен зафат на делницата која го поврзува туристички Охрид со плажите по источното крајбречје, комплексот Св Наум и Албанија.

 |  Соња Рилковска  | 


Свлечишта, пукнатини, отворени дупки и крпеници , вака изгледа патот од Охрид до граничниот премин Свети Наум. Тесен, нерегледен и небезбеден.

Меѓународната делница која го поврзува Охрид со главните туристички атракции плажите , комплексот Свети Наум, но и соседна Албанија, со години се распаѓа.

Сообраќајницата е многу фрекфентна, по неа минуваат возила и автобуси бидејќи го поврзува градот и со повеќе населени места. Десетици сообраќајни несреќи годишно се случуваат на овој патен правец особено вотуристичката сезона.

Современа сообраќајна делница од Охрид до Свети Наум е децениско ветување за охриѓани, кое за жал до ден денес не е реализирано. 

Овој патен правец е изграден пред педесетина години и врз него не се извршени поголеми реконструктивни зафати. Надлежните велат се размислува за негова рехабилитација.

-„Зборувавмеза рехабилитација на патот од Охрид кон Св Наум да влезе во програмата најавното претпријатие за државни патишта со цел да овозможиме регинот подобро дафункционира“, рече министерот Бочварски при посетата наОхрид.

Во 2014 година беше изработен проект за изградба на експресен пат Охрид Свети Наум. Патот широк 12 метри со четири ленти требаше да се движи над постоечкиот, во планината Галичица, но овој проект беше напуштен по препорака  на Унеско. Кога Охрид ќе добие современ и безбеден пат до Свети Наум засега не се знае.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top