Пописот на населението ќе се спроведе од 1 до 21 април

Премиерот Заев порача дека нема отстапувања од плановите за попис, а опозицијата ако сака нов попис – тоа може да го направи по 10 години.

 |   | 

Премиерот Заев порача дека нема отстапувања од плановите за попис, а опозицијата ако сака нов попис – тоа може да го направи по 10 години.

Македонски граѓани кои живеат надвор од државата повеќе од една година ќе бидат попишани како нерезиденти. Ова важи и за граѓани со бугарско државјанство и за дијаспората од други етникуми од Македонија кои живеат во Европа, Америка и на другите континенти. Пописот во Северна Македонија ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава. Во оваа сложена статистичка операција ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население.

Пописот е обврска и треба да се спроведе затоа што сме единствена држава без попис во Европа, па срамота е да правиме експерименти. Тој што е иселен повеќе од една година се смета дека не е резидент и на пописот ќе пишува дека е иселен повеќе од една година, тој дел е јасно решен и за сите етнички заедници“, порача премиерот Зоран Заев на отворањето на новите просториии на Министерството за политички систем.

Северна Македонија е единствената земја во Европа што не спровела попис цели 18 години. Токму затоа, Заев вели дека пописот треба да се спроведе – затоа што е обврска и поради тоа што С Македонија е единствена држава во Европа којашто нема направено попис, заедно со Сомалија и некои други држави.

На опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која најави дека нема да ја поддржува и да ја почитува статистичката операција и дека ќе направи нов попис кога ќе дојде на власт, тој им порача дека тоа можат да го направат по 10 години.

Законот за попис е во собраниска процедура, а на седница се очекува да се најде кон средината на јануари. Во последниот извештај на ЕК беше нотирано дека земјава мора да спроведе попис на населението во текот на оваа година.

Според надлежните, оваа статистичка операција ќе биде спроведена од Државниот завод за статистика како овластен носител на статистички истражувања. За разлика од претходните, овој попис ќе има неколку новини. Главната новина е што ќе се спроведува со т.н комбиниран метод, нешто што до сега не било практика, а било практика во други земји. Овој метод подразбира истовремено попишување на терен со оној класичен метод, интервју лице во лице, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци.

Пописот ќе се спроведува со електронски прашалници, со користење на ИТ- технологија, и според стандардите на Еуростат.Целокупната територија на државата ќе биде поделена на 45 пописни реони во којшто ќе се формираат т.н регионални пописни комисии кои имаат функција да овозможат логистика на целокупната операција. Во статистичката операција ќе учествуваат околу 6.000 лица, околу 5.000 попишувачи, околу 500 реонски инструктори и околу 200 државни инструктори и членови на комисиите.

Пописот ќе чини 8,5 милиони евра, а предвидено е резултатите од него да бидат достапни 6 месеци по завршувањето на процесот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top