Една минута по полноќ во Македонија се роди машко бебе

Првото бебе во 2021 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Бебето е машко, тешко е 3 килограми и 650 грама и е долго 51 сантиметар.

 |   | 

Првото бебе во 2021 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Бебето е машко, тешко е 3 килограми и 650 грама и е долго 51 сантиметар.

Мајката на бебето е Бојана Смилеска од Скопје и тоа е нејзино второ дете.

Универзитетската клиника објави фотографии од тимот што дежураше на новогодишната ноќ и го донесе на свет првото бебе.

Првата посета на првороденото ќе ја оствари министерот за здравство Венко Филипче во просториите на ЈЗУ У ГАК.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top