Езерската полиција доби нови глисери

2 глисери се набавени од сопствени средства од буџетот на МВР во вредност од 8 милиони денари а како донација од Република Чешка полицијата доби уште два глисери и еден гумен патролен чамец.

 |   | 

5 пловни објекти со комплетна опрема доби езерската полиција со што се зајакнуваат капацитетите за заштита на државната граница на Охридското езеро. 2 глисери се набавени од сопствени средства од буџетот на МВР во вредност од 8 милиони денари а како донација од Република Чешка полицијата доби уште два глисери и еден гумен патролен чамец. На промоцијата на пловните објекти во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро присуствуваше Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Прв пат по 20 години набавуваме вакви глисери, кои што се со кабини, кои овозможуваат да се патролира ноќно време и во било какви временски услови тоа значи дека наш врвен приорит е да овозможиме безбедност на Охридско Езеро што е сериозна придобивка и за државата и за градот Охрид.- истакна министерот Спасовски.

Изминатиот период на Министерството му биле посочени два проблеми со кои се соочува Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, недостаток на кадровски потенцијал и обезбедување на материјално технички средства.

„Ги обезбедивме овие патролни чамци и веќе во март месец ќе дојдат полициските службеници кои сега завршуваат обука а се предвидени за Регионалниот центар Запад така што и во тој дел ќе се зголеми овој капацитет.- посочи министерот.

Министерот за внатрешни работи најави дека наредната година е предвидена и набавка на софистицирана опремакако термални камери, радари,специјални возила за техничко покривање и контрола на водената граница и заштита на просторот на и околу Охридското Езеро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top