• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Божиновски: Веднаш Министерството за здравство да обезбеди средства за поправка на томографот

Божиновски: Веднаш Министерството за здравство да обезбеди средства за поправка на томографот

Дефектот на компјутерскиот томограф во охридската Општа болница тема и на денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Како да не се доволни проблемите со кои се соочуваат граѓаните поради пандемијата дополнително во болницата не е во употреба компјутерскиот томограф. Како може Директорот на болницата во ваква ситуација да изјави дека нема средства, истакна портпаролот Перчо Божиновски.

 |   | 

Од таму прашуваат дали за министерот Филипче и за директорот на општата болница е прифатливо пациентите да се препраќаат по приватни болници каде снимање чини повеќе од 100 евра.

„Зошто не си ни обидувате да го поправите и да извршите замена на нова цевка со која ќе се стави во функција?
Во сè потешка економска положба во која се наоѓаат голем број граѓани, немаат сите пациенти можност да издвојат дополнителни 6000 денари за приватен преглед. Бараме веднаш Министерството за здравство да обезбеди средства! Власта не ветуваше ваков живот. Граѓаните не заслужуваат вакво здравство.

Доколку навистина се грижите за здравјето на граѓаните ве молиме повлечете се и препуштете им ја работата на оние кои знаат како се прави тоа затоа што докажавте дека не можете да ги менаџирате институциите.“ – кажа портпаролот Божиновски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top