Водостопанство на РСМ, подружница „Црн Дрим“-Охрид, деновиве работи на чистење на каналите за иригација во регионот на Струга.
Водостопанство на РСМ, подружница „Црн Дрим“-Охрид, деновиве работи на чистење на каналите за иригација во регионот на Струга. Моментално се чисти каналот Мулузија и каналот од с.Мислешево до реката Црн Дрим водолжина од 1600м.
Досега се отстранети околу 4.800м³ нанос од каналите.Пред две години неколку населби останаа под вода, поради обилни врнежи од дожд и снег. Овој проблем во Струга е децениски, бидејќи дел од куќите се изградени под нивото на езерската вода.Поради тоа пред почеток на сезона на врнежи, се пристапи кон чистење на мрежата канали.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град