Специјално признание за високи достигнувања во областа на културата и посебен придонес за градот за НУ Фестивал Охридско лето. Признанието го додели општината со одлука на Градскиот совет а на предлог на Градоначалникот Константин Георгиески.

„Годинава Охридско лето славеше јубилеј 60 години во услови на корона вирус, но успеавме да го реализираме фестивалот. Оваа награда ќе ни биде мотив да продолжиме и понатаму да ја градиме успешно приказната на Охридско лето, рече директорката на фестивалот Наташа Поповиќ заблагодарувајќи се за признанието.
Инаку, Фестивалот Охридско лето ја доби Св Климентовата награда во 2010 година. Тогаш, на 50 годишнината од постоењето на Фестивалот раководството поддржано од Управниот Одбор одби да ја прими наградата затоа што сметаше дека најстарата културна манифестација во Македонија заслужува поединечно да го добие највисокото општинско признание и не треба истата да ја дели со други апликанти. Денешната Специјална награда е еден вид оддолжување кон фестивалот затоа што според Статут не може два пати да се додели Св Климентовата награда.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град