• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Владата ја разгледа и усвои информацијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион

Владата ја разгледа и усвои информацијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион

Донесени се соодветни заклучоци и задолженија за Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за заштита на животната средина и за просторно планирање за непречено имплементирање на одредбите од Планот.

 |   | 

Донесени се соодветни заклучоци и задолженија за Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за заштита на животната средина и за просторно планирање за непречено имплементирање на одредбите од Планот.

Владата ѝ укажува на Управата за заштита на културното наследство и на Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид, до донесувањето на новите детални-урбанистички планови за Охридскиот регион кои ќе бидат усогласени со Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029), условите за изградба на објекти задолжително да содржат заштитно-конзерваторски мерки, кои ги утврдува Управата за заштита на културното наследство, а ги изработува НУ-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.

Владата им укажува на општините Охрид, Струга и Дебрца, при издавање на одобренија за изградба на објекти да ги соопштат и условите согласно Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029) за задолжително исполнување на заштитно-конзерваторски услови, кои ги издава Управата за заштита на културното наследство, а ги изработува НУ-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top