Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува своите верни чеда дека за време на претстојниот празник на светиот Климент Охридскиот Чудотворец, ќе има богослужба во манастирот посветен на овој наш голем светител на Плаошник во Охрид, и тоа:
Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува своите верни чеда дека за време на претстојниот празник на светиот Климент Охридскиот Чудотворец, ќе има богослужба во манастирот посветен на овој наш голем светител на Плаошник во Охрид, и тоа:
1. На 07 декември 2020 год. во 16.00 часот ќе биде отслужена Вечерна богослужба
2. На 08 декември 2020 година, во 07.30 часот ќе започне Утрената богослужба, а пречекот на Митрополитот Тимотј ќе биде во 08.45 часот. Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09.00 часот.
Како телесно-духовни битија, ние сме должни да се грижиме за нашето здравје, секако, и за телесното и за духовното. Токму затоа, и овој пат апелираме за почитување на мерките од Владата, зашто и Црквата е дел од оваа држава и се грижи за здравјето, телесно и духовно, на сите верници и на сите луѓе. Затоа сметаме дека со нашето внимание и со грижата за себе, но, пред сѐ, со грижата за нашите ближни, можеме да придонесеме во голем дел што побрзо да се ослободиме од искушението што го напаѓа човечкиот род.
Затоа, поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат во манастирот и да се помолат на големиот светител, дека ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание.
Се надеваме дека верниот народ ја разбира нашата грижа, особено што ова е грижа, пред сѐ, за нив, за нивното здравје и за нашата иднина. Господ, нашиот Бог, по молитвите на светиот Климент Охридски, да нѐ избави од сите искушенија и да ни дарува здравје, мир и голема љубов, та победувајќи го невидливиот непријател, уште повеќе да ја зацврсти нашата вера и да нѐ сплоти како народ, кој верно ќе им служи на Црквата и на Татковината, се вели во соопштението на канцеларијата на Дебарско-кичевската епархија Охрид
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град