• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Пецаков: ВМРО-ДПМНЕ преку амандмани на буџетот за 2021 година предлага мерки за Охрид и охридско

Пецаков: ВМРО-ДПМНЕ преку амандмани на буџетот за 2021 година предлага мерки за Охрид и охридско

 Кирил Пецаков, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека СДСМ нема концепт за развој на туризмот и развојот на Охрид и унапредување на заштитата на Охридското езеро, а тоа се гледало и од Предлог буџетот за следната година.

 |   | 

ВМРО-ДПМНЕ преку амандмани на буџетот за 2021 година предлага низа мерки кои смета дека се потребни за Охрид и охридско, но и за туризмот во целост, не само во охридскиот регион, туку и за целата држава. Кирил Пецаков, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека СДСМ нема концепт за развој на туризмот и развојот на Охрид и унапредување на заштитата на Охридското езеро, а тоа се гледало и од Предлог буџетот за следната година.

„Во таа насока ги предлагаме следните проекти, односно зголемување на средствата за одредени проекти: „Изградба/уредување на градскиот Кеј во Охрид; Отварање на дневни центри за деца и лица со пречки во развојот во Охрид. Креирање на специјалистички едногодишни студии за работа во култура за туристички цели: археологија, етнологија, историја на уметност, историја, реторика, етика и сл. На тој начин би се вратил интересот за овие научни гранки, а туризмот би се збогатил со луѓе кои се компетентни во овие научни теми.  Набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по охридското крабрежје. “ – наброи Пецаков.

Понатаму, предложено  е развој на мобилна апликација за поддршка на патувања низ Македонија, дигитализација на царинската управа, субвенционирање на угостителски капацитети кои би добиле статус зелени хотели/зелени ѕвездички, евидентирање и промоција на еколошки зони за еко – туризам, патно поврзување на селото Куратица со Општина Дебарца, изградба на станови за млади кадри во планските региони, формирање на посебна Туристичка инспекција или полиција. Пратеникот наброи и проекти кои на охриѓани им се ветувани долги години наназад од различни политички партии.

„Формирање на посебен развоен фонд за туризмот и угостителството, изградба на катна гаража во Охрид., реконструкција со надградба и доградба на објектот на НУ Центар за култура Григор Прличев, со цел обезбедување на нов објект наменет за Македонски народен театар, изградба на велосипедска патека Охрид-Свети Стефан, изградба на откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во Охрид.“– кажа Пецаков.

Пецаков ги повика пратениците од владеачкото мнозинство да ги поддржат овие амандмани  и да покажат дека искрено работат и се грижат за потребите на граѓаните, во спротивно , како што рече, по којзнае кој пат ќе докажат дека воопшто не ги интересираат потребите на граѓаните туку само нивните теснопартиски интереси и бизниси.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top