Урбанизмот и инфраструктурата во Струга мрднаа од мртва точка.
Странци се заинтересирани за инвестирање во овој град, но деталните урбанистички планови ги кочат во нивните намари, вели градоначалникот. Граѓаните не забележуваат напредок во овие две области.
За разлика од минатото, последниве две години во градот навистина се почувствува дека работите мрднаа од мртва точка, вели градоначалникот на Струга. Граѓаните пак, со свој став, дали во градот забележителен е напредок во овие две области.
Општина Струга во изминатиов период е доста интересна за странските инвеститори, се пофали градоначалникот Мерко. Според него, една од поголемите инвестииции направени во неговиот 4 годишен мандат е објектот по кејот на Дрим, градба на инвеститорот „Фати Трејд“.Оваа инвестиција е тешка 10 милиони евра. Има интерес за уште поголеми инвестиции но урбанистиките планови ја отежнуваат нивната реализација, вели градоначалникот на Струга.
Освен од странските инвестиции, градот инфраструктурно и урбанистички се развива од средствата на општината. Локаланата самоуправа досега има реализирано а и во тек се многу проекти, кои се од големо значење на струшкиот регион, кажува градоначалникот.
Градоначалникот се пофали оти буџетот на општината е во одлична состојба. Тоа во голема мера, вели Мерко се должи на инвестициите кои се обидуваме на различни начини да ги привлечиме во нашата општина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град